поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13

Стар Завет

Нов Завет

2 Коринќаните 13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Ова е по третпат како доаѓам при вас. „Од устата на двајца или тројца сведоци ќе биде потврдена секоја работа.”

2. Порано реков и сега им зборувам однапред, како кога бев по вторпат; но сега во отсуство, на оние кои грешеле порано, и на сите други, дека нема да ги штедам кога ќе дојдам пак,

3. зашто вие барате доказ дали зборува во мене Христос, Кој не е слаб кон вас, туку е силен меѓу вас.

4. Зашто Тој беше распнат по слабост, но живее од Божјата сила. И ние исто сме слаби во Него, но ќе живееме со Него од Божјата сила, меѓу вас.

5. Испитајте се сами себе: дали сте во верата, проверете се сами себе! Или не се познавате себеси, дека е Христос во вас? Инаку не сте потврдени.

6. Но се надевам дека ќе познаете дека ние не сме непотврдени.

7. Му се молам на Бога да не направите никакво зло, не затоа за да се покажеме ние потврдени, туку за да правите вие добро, а ние да бидеме како непотврдени.

8. Затоа ние не можеме ништо против вистината, туку само за вистината.

9. Имено, се радуваме кога сме ние слаби, а вие јаки; затоа и се молиме за вашето усовршување.

10. Затоа ви го пишувам ова, во отсуство, за да не постапам строго, кога ќе бидам при вас, според власта, што Господ ми ја даде за надградување, а не за разурнување.

11. Впрочем, браќа, радувајте се, усовршувајте се, утешувајте се, бидете едномисленици и живејте во мир, и Бог на љубовта и на мирот ќе биде со вас!

12. Поздравете се еден друг со свет целив!

13. Ве поздравуваат сите свети!

14. Благодатта на нашиот Господ Исус Христос, и љубовта на Бога и заедницата на Светиот Дух да бидат со сите вас! Амин!