Стар Завет

Нов Завет

2 Коринќаните 11:24-33 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

24. Од Јудејците примив петпати по четириесет удари без еден.

25. Трипати бев бичуван, еднаш каменуван, трипати доживеав бродолом; ноќ и ден поминав на длабоко море.

26. Често патував: бев во опасности од реки, во опасности од разбојници, во опасности од сонародници, во опасности од народи; во опасности во град, во опасности во пустина, во опасности по море, во опасност меѓу лажни браќа,

27. во труд и тешкотија, многупати во неспиење, во глад и жед, во многу постење, на студ и во голота;

28. посебно, преку сè тоа што секојдневно напаѓа на мене - грижата за сите цркви.

29. Кој е слаб, а и јас да не сум слаб? Кој се соблазнува, а јас да не согорувам?

30. Ако треба да се фалам, ќе се фалам со своите слабости.

31. Бог и Таткото на нашиот Господ Исус, Кој е благословен довека, знае дека не лажам.

32. Во Дамаск, намесникот на царот Арета, го чуваше Дамаскиот град, сакајќи да ме фати,

33. и ме спуштија низ прозорец, во кош преку ѕидот, и избегав од неговите раце.

Прочитајте целосна глава 2 Коринќаните 11