Стар Завет

Нов Завет

1 Солунците 5:12-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Ве молиме, браќа, да им дадете признание на оние, кои се трудат меѓу вас, како ваши душогрижници во Господа, и ве опоменуваат.

13. Ценете ги над сè во љубов, заради нивното дело. Живејте во мир помеѓу себе.

14. Ве молиме уште, браќа, поучувајте ги неуредните, охрабрувајте ги малодушните, помагајте им на слабите, бидете трпеливи со сите.

15. Гледајте, никој никому да не враќа зло за зло, туку секогаш одете по она што е добро меѓу себе и кон сите!

16. Радувајте се секогаш!

17. Молете постојано!

18. Благодарете за сè, зашто тоа е Божја волја за вас во Христа Исуса!

19. Не гаснете го Духот!

20. Не презирајте ги пророштвата,

21. испитувајте сè, задржувајте го доброто.

22. Воздржувајте се од секоја појава на зло!

23. А Самиот Бог на мирот да ве освети наполно! И вашиот дух, и душата, и телото да се запазат беспрекорно при доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос!

Прочитајте целосна глава 1 Солунците 5