Стар Завет

Нов Завет

1 Солунците 4:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Најпосле, браќа, бараме и ве опоменуваме во Господа Исуса, да изобилувате повеќе во она што го примивте од нас, како треба да живеете и да Му угодувате на Бога, како што и успевате во тоа.

2. Имено, знаете какви наредби ви дадовме во името на Господа Исуса.

3. Зашто, ова е Божјата волја, вашето осветување, да се воздржувате од блудство,

4. секој од вас да знае да го држи својот сад во светост и чест,

5. не во похотна страст, како народите кои не Го познаваат Бога;

6. да не престапува и го измамува својот брат во тоа, зашто за сè тоа Господ е Одмаздувач, како што ви рековме и сведочевме порано.

Прочитајте целосна глава 1 Солунците 4