4. Љубовта долго трпи, љубовта е милостива, лубовта не завидува, не се фали, не се вообразува;
5. не се однесува непристојно, не го бара своето, не се раздразнува. Не држи сметка за зло;
6. не и се радува на неправдата, а и се радува на вистината;
7. сè премолчува, сè верува, на сè се надева, сè трпи.
8. Љубовта никогаш не престанува: А другите дарби : ако се пророштва - ќе се отстранат; јазици - ќе замолкнат; ако е знаење - ќе исчезне.
9. Зашто, делумно знаеме и делумно пророкуваме,
10. но кога ќе дојде совршеното, ќе се отстрани делумното.
11. Кога бев дете, зборував како дете, мислев како дете, расудував како дете. А кога станав маж, го отстранив детинското.
12. Зашто, сега гледаме како во огледало - нејасно; но тогаш: лице во лице. Сега знам делумно, но тогаш ќе сознам целосно, како што и јас бев самиот наполно познат.
13. А сега остануваат овие три: верата, надежта и љубовта, но љубовта е најголема од нив.