Стар Завет

Нов Завет

1 Јован 5:2-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. По тоа познаваме дека ги љубиме Божјите деца: кога Го љубиме Бога и ги пазиме Неговите заповеди.

3. Зашто ова е љубовта Божја: да ги исполнуваме Неговите заповеди; а Неговите заповеди не се тешки,

4. зашто сè што е родено од Бога, го победува светот; и ова е победата која го победи светот: нашата вера.

5. Кој е тој, кој го победува светот, ако не оној, кој верува дека Исус е Божји Син?

6. Тој е Оној Кој дојде преку вода и крв, Исус Христос; не само со водата, туку со водата и со крвта; и Духот е Оној Кој сведочи, зашто Духот е вистината.

7. (Зашто тројца се Кои сведочат во небото: Таткото, Словото и Светиот Дух; и Овие Три се едно).

8. И тројца се Кои сведочат на земјата: Духот и водата и крвта, и овие три се согласни.

9. Ако го примаме сведоштвото на луѓето, Божјото сведоштво е поголемо. А ова е Божјото сведоштво, дека сведочеше за Својот Син.

10. Кој верува во Божјиот Син, го има сведоштвото во себе; кој не Му верува на Бога, Го направил лажец, зашто не поверувал во сведоштвото, кое Бог го сведочел за Својот Син.

11. И ова е сведоштвото: Бог ни даде вечен живот, и тој живот е во Неговиот Син.

12. Кој Го има Синот, има живот; кој Го нема Божјиот Син, нема живот.

13. Ова ви го напишав вам, кои верувате во името на Божјиот Син, за да знаете дека имате вечен живот и да верувате во името на Божјиот Син.

Прочитајте целосна глава 1 Јован 5