5. Зашто оние кои живеат по тело, копнеат за телесното, а кои живеат по Дух – за духовното.
6. Копнежот на телото е смрт, а копнежот на духот – живот и мир.
7. Зашто копнежот на телото е непријателство против Бога, тој не му се подредува на законот Божји затоа што не може.
8. А оние, кои живеат по телото, не можат да Му се допаднат на Бога.
9. Вие живеете не по тело, туку по Дух, само тогаш ако Духот Божји живее во вас. Ако, пак, некој нема Дух Христов, тој не е Негов.
10. Ако, пак, Христос е во вас, телото е мртво за грев, а духот живее поради праведноста.
11. Но ако Духот на Оној Кој Го воскресна Исус од мртвите живее во вас, тогаш Оној Кој Го воскресна Христос од мртвите, ќе ги оживотвори и вашите смртни тела преку Својот Дух, Кој живее во вас.
12. И затоа, браќа, ние не сме му должници на телото за да живееме по телото;
13. бидејќи, ако живеете по телото, ќе умрете; но, ако преку Духот ги умртвувате делата на телото, ќе бидете живи.