10. Ако, пак, Христос е во вас, телото е мртво за грев, а духот живее поради праведноста.
11. Но ако Духот на Оној Кој Го воскресна Исус од мртвите живее во вас, тогаш Оној Кој Го воскресна Христос од мртвите, ќе ги оживотвори и вашите смртни тела преку Својот Дух, Кој живее во вас.
12. И затоа, браќа, ние не сме му должници на телото за да живееме по телото;
13. бидејќи, ако живеете по телото, ќе умрете; но, ако преку Духот ги умртвувате делата на телото, ќе бидете живи.
14. Сите оние што се управуваат по Духот Божји, се синови Божји;
15. зашто вие не примивте дух на ропство, за да бидете во страв, туку Го примивте Духот на посинувањето, преку Кого велиме: „Ава, Оче!“
16. Самиот Дух му сведочи на нашиот дух дека ние сме чеда Божји.
17. А ако сме, пак, чеда, ние сме и наследници: наследници на Бога и сонаследници Христови, но само ако со Него страдаме, та со Него и да се прославиме.
18. Зашто мислам дека страдањата на сегашното време не се ништо спрема славата која треба да се открие кон нас.