3. Тогаш дојде друг ангел со златна кадилница и застана пред жртвеникот; и му беше даден многу темјан, та со молитвите на сите светии да го постави на златниот жртвеник што беше пред престолот.
4. Димот од темјанот, заедно со молитвите на светиите се издигна од раката на ангелот пред Бога.
5. И ја зеде ангелот кадилницата, и ја наполни со оган од жртвеникот, и ја фрли на земјата, и тогаш се појавија гласови, грмотевици, светкавици и земјотрес.
6. И седумте ангели што ги држеа седумте труби, се приготвија да затрубат.
7. Првиот ангел затруби, и се појави град и оган, смешани со крв, и паднаа на земјата. И една третина од дрвјата изгореа, и сета зелена трева изгоре.
8. Затруби и вториот ангел – и како некоја голема гора, пламната во оган, се срина во морето; и третина од морето се претвори во крв;
9. и умре една третина од морските суштества, што имаа душа; и една третина од корабите пропаднаа.
10. И третиот ангел затруби, и од небото падна голема ѕвезда, која гореше како светило, и падна врз третината од реките и водните извори.
11. А името на таа ѕвезда е Пелин. И третиот дел од водите загорчи како пелин, и многу луѓе умреа од водите, бидејќи беа загорчени.
12. Потоа затруби и четвртиот ангел, и беше удрена една третина од сонцето, една третина од месечината и една третина од ѕвездите, за да потемнее една третина од нив, та третина од денот, како и на ноќта, да не свети.