16. Ако некој има уши да слуша, нека чуе!“
17. И кога се оддалечи од народот и влезе во една куќа, учениците Негови Го прашаа за параболата.
18. А Тој им рече: „Зар сте и вие така неразумни? Не разбирате ли дека ништо, што влегува во човекот однадвор, не може да го оскверни?
19. Зашто, тоа не оди во срцето, туку во стомакот, и излегува надвор, чистејќи ја сета храна.“
20. И уште им рече: „Она што излегува од човекот, тоа го осквернува човекот.
21. Зашто однатре, од срцето човечко, излегуваат лоши помисли, прељубодејства, блудства, убиства,
22. кражби, лакомства, злоби, лукавства, развртат, око завидливо, богохулство, гордост, безумство.
23. Сето тоа зло одвнатре излегува и го осквернува човекот.“
24. И кога се крена оттаму, отиде во пределите Тирски и Сидонски; и кога влезе во една куќа, сакаше никој да не Го дознае. Но не можеше да се сокрие.
25. Зашто чу за Него една жена, чија ќерка имаше нечист дух, па дојде и падна пред нозете Негови.
26. А таа жена беше друговерка, по потекло Сирофеничанка; и Го молеше да го истера демонот од ќерка ѝ.
27. Но Исус ѝ рече: „Остави најнапред да се нахранат децата; зашто не е право да се земе лебот од децата и да им се фрли на кучињата.“
28. А таа одговори и Му рече: „Да, Господи! Но и кучињата јадат под трпезата, од трошките на децата.“
29. И ѝ рече: „За ова што го рече – оди си! Демонот излезе од ќерка ти.“
30. И кога се врати дома, ја најде ќерка си како лежи на постела, а демонот беше излегол од неа.
31. И пак излезе Исус од пределите Тирски и Сидонски и отиде кон Галилејското Море, низ пределите на Десеттоградието.
32. И доведоа кај Него еден глув и тепкав, па Го молеа да положи над него рака.
33. Исус, откако го одведе настрана од народот, ги стави Своите прсти во неговите уши; а кога плукна, го допре неговиот јазик;