15. А кога седеше Исус на трпезата во неговата куќа, заедно со Него седеа и учениците Негови, и многу цариници и грешници; зашто тие беа мнозина и врвеа по Него.
16. Книжниците и фарисеите, штом Го видоа како јаде со цариници и грешници, им рекоа на учениците Негови: „Зошто Тој со цариници и грешници јаде и пие?“
17. Кога го чу тоа Исус, им рече: „Здравите немаат потреба од лекар, туку болните. Не сум дошол да ги повикам праведниците, туку грешниците на покајание.“