16. Словото Христово изобилно нека се всели во вас; во секоја мудрост да се учите и да се советувате еден друг со псалми и химни, и со духовни песни, пеејќи Му на Господ со благодарност во срцата ваши!
17. И сѐ што правите со збор или со дело, правете го во името на Господа Исуса Христа, благодарејќи Му преку Него на Бога и Отецот!
18. Вие, жените, покорувајте им се на мажите свои, како што прилега во името на Господ!
19. Вие, мажите, сакајте ги жените свои и не огорчувајте ги!
20. Деца, на родителите свои бидете им послушни во сѐ, зашто тоа Му е благоугодно на Господ!