9. зашто во Него телесно живее сета полнота на Божеството,
10. и вие да бидете исполнети во Него, Кој е глава на секое началство и власт;
11. во Него сте и обрезани преку неракотворено обрезание, откако го соблековте гревовното тело на плотта преку обрезанието Христово;
12. откако се погребавте со Него во крштевањето, во кое заедно со Него и воскреснавте преку вера во силата на Бога, Кој Го воскресна од мртвите.
13. И вас, кои бевте мртви во гревовите и во необрезанието на вашето тело, Тој заедно со Него ве оживи, простувајќи ви ги сите гревови;
14. извршувајќи го ракописаниот закон, кој со своите прописи стана наш непријател, кого Тој го зеде од средината и го прикова на крстот;
15. и, откако ја зграби силата од началствата и властите, Тој ги изложи јавно на позор и славејќи ја во Себе победата над нив.
16. Па така, никој нека не ве осудува за јадење или пиење, или за некој празник, или за млад месец или саботи;
17. тоа е само сенка на она што доаѓа, а телото е Христос.
18. Никој своеволно да не ве мами со смиреномудрост и служење на ангелите, впуштајќи се во она што не го видел, гордеејќи се залудо со својот телесен ум,
19. и не се придружи кон Главата, од Која целото тело, поддржано преку зглобови и врски, расте со растење според Бога.
20. И така, ако вие со Христос умревте за почетоците на светот, тогаш зошто се препирате, како уште да живеете во светот;
21. „Не се фаќај, не вкусувај, не пипај!“
22. Сите тие се определени за распаѓање – кога се управуваат според човечките заповеди и учења.
23. Тие само наликуваат на мудрост во своеволното богослужење, во лажните понизности и во нештедењето на телото, но тоа нема никаква вредност, освен што го заситуваат телото.