3. знаејќи дека проверката на вашата вера создава трпеливост:
4. трпеливоста, пак, нека биде совршено дело за да бидете совршени и целосни, без никаков недостаток.
5. Ако некому од вас му недостига мудрост, нека ја побара од Бога, Кој на сите им дава изобилно и без приговарање – и ќе му се даде.
6. Но да моли со вера и никако да не се сомнева; зашто оној кој се сомнева, прилега на морски бран, кого ветрот го издига и растура;
7. таков човек нека не мисли дека ќе добие нешто од Господ.
8. Човек што се двоуми во сите свои патишта е непостојан.
9. Братот, кој е на пониска положба, нека се фали со возвишеноста своја,
10. а богатиот – со својата понизност, бидејќи тоа е минливо како цвет од трева;
11. зашто како што сонцето огрева и со својата жега ја исушува тревата, и цветот нејзин отпаѓа, и убавината на нејзиниот изглед исчезнува, така ќе овене и богатиот во својот пат.
12. Блажен е оној човек кој издржува искушение, бидејќи откако ќе биде проверен, ќе добие венец на животот, што Господ им го ветил на оние кои Го сакаат.
13. Ниеден, кога е во искушение да не вели: „Бог ме искушува“, бидејќи Бог со зло не се искушува, и Тој никого не искушува,
14. но секого го искушува неговата похота која го влече и мами.