29. А Петар и апостолите одговорија и рекоа: „Повеќе треба да Му се покоруваме на Бога отколку на луѓето.
30. Бог на татковците наши Го воскресна Исуса, Кого вие Го погубивте, приковувајќи Го на крст.
31. Бог со десницата Своја Го возвиси Него, Зачетникот и Спасителот, за да му даде покајание и простување на гревовите на Израил.
32. За тие зборови сведоци Негови сме ние и Светиот Дух, Кого Бог им Го даде на оние што Му се покоруваат.“
33. Кога го слушнаа тоа, тие се разлутија и мислеа да ги убијат.
34. Но во Синедрионот стана тогаш еден фарисеј, по име Гамалиил, учител на Законот, почитуван од целиот народ, и заповеда за кратко време да ги изведат апостолите надвор,
35. а ним им рече: „Луѓе Израилци, размислете добро што ќе правите со овие луѓе!
36. Зашто, пред извесно време се крена Тевда, кој зборуваше за себеси дека е тој голем човек, и му се придружија четиристотини мажи; тој беше убиен, и сите што му поверуваа, се разотидоа и исчезнаа.
37. По него, во време на пописот, се крена Јуда Галилеецот и повлече по себе доста народ; но и тој загина и сите што го следеа се растурија.
38. И сега ви велам – оставете ги овие луѓе на мир, не гибајте ги; зашто, ако е таа замисла или тоа дело од луѓе, ќе се разруши;