1. Поради тоа, не можејќи веќе да трпиме, сметавме дека ќе биде добро во Атина да останеме сами,
2. и го испративме Тимотеј, нашиот брат и слугата Божји, и нашиот сотрудник во Евангелието Христово, за да ве укрепи и утеши во вашата вера,
3. та никој да не се поколеба во тие маки; зашто сами знаете дека затоа сме определени.
4. Бидејќи ние, и кога бевме кај вас, ви претскажувавме дека ќе страдаме, како што и стана, и вие знаете.
5. Поради тоа и јас, не можејќи веќе да трпам, пратив да дознаам за верата ваша да не би ве искушал некако Искушувачот, та да отиде залудо нашиот труд.
6. Сега, откако се врати Тимотеј кај нас од кај вас и ни донесе добра вест за вашата вера и љубов, и дека секогаш имате добар спомен за нас и копнеете да нѐ видите, како и ние вас,
7. ние, и покрај сета мака и неволја, се утешивме за вас, браќа, со вашата вера;
8. зашто ние сега живееме, кога вие стоите во Господ.