4. А кога ќе се јави Пастироначалникот, ќе добиете венец на слава што никогаш не свенува.
5. Исто така и вие, помладите, покорувајте им се на презвитерите; а сите, пак, покорувајте се еден на друг и здобијте се со понизност, бидејќи „Бог им се противи на горделивите, а на понизните им дава благодат.“
6. Понизете се под крепката рака Божја, за да ве воздигне кога ќе дојде времето.
7. Сите ваши загрижености префрлете ги врз Него, зашто Тој се грижи за вас.
8. Бидете трезвени, бидете будни, зашто вашиот противник, ѓаволот, обиколува како лав што рика и бара некого да проголта;
9. спротивете му се со тврда вера, знаејќи дека такви страдања ги снаоѓаат и вашите браќа по светот.