14. Потоа во моето видение забележав еден блескаво бел облак. На него седеше Некој што личеше на Синот Човечки, со златен венец на главата и остар срп во раката.
15. Тогаш од храмот излезе еден друг ангел и на цел глас Му рече на Оној што седеше на облакот: “Замавни со српот и почни да жнееш, зашто дојде времето за жетва; Земјата е зрела за жетва!“
16. Тогаш Оној што седеше на облакот замавна со српот и ја ожнеа Земјата.
17. Потоа од Храмот на небото излезе и друг ангел; и тој имаше остар срп во раката.
18. Во тој миг откај жртвеникот излезе уште еден ангел - кој го надгледуваше огнот на жртвеникот - и со силен глас му се обрати на ангелот со остриот срп: „Замавни со својот срп и обери го сето грозје од лозјето на Земјата, зашто тоа е веќе узреано!“
19. Тогаш ангелот замавна со српот и го обра сето грозје на Земјата и го собра во големата каца на Божјиот гнев.
20. Грозјето во кацата беше изгмечено надвор од градот. А кога се гмечеше, од кацата се разлеа река од крв долга околу триста километри, чија длабочина досегаше до уздите на коњите.