17. Кога Го видов, паднав како мртов пред Неговите нозе! Тој ме допре со Својата десна рака и ми рече: „Не плаши се! Јас Сум Првиот и Последниот.
18. Јас Сум Живиот! Бев мртов, но сега Сум вечно жив и ги имам клучевите од смртта и од Адот.
19. Запиши го тоа што го виде: и тоа што е сега и тоа што ќе се случи подоцна.
20. А еве што е таинственото значење на седумте ѕвезди што ги виде во Мојата десна рака, и на седумте златни свеќници: седумте ѕвезди ги претставуваат седумте гласници на седумте цркви, а седумте свеќници ги претставуваат седумте цркви.“