1. Откако го доврши ова излагање, Исус си замина од Галилеја и дојде на јудејска територија, од спротивната страна на реката Јордан.
2. Голема толпа народ одеше по Него и Тој ги исцелуваше болните.
3. Некои од фарисеите Му пријдоа на Исус и, сакајќи да Му постават замка, го прашаа: „Дали е во согласност со верскиот Закон мажот да има право да се разведе од својата жена за каква и да е причина?“
4. Исус им одговори: „Зар не сте читале во Светото Писмо дека на почетокот Творецот создаде маж и жена,