6. Ќе оди со овците и со говедата да Го бара Господа и нема да го најде - се оддалечи од нив!
7. Го изневерија Господа: родија копилиња, вжарен ветер ќе ги проголта нивните полиња.
8. Засвирете во рог во Гаваја, во труба во Рама, узбунете го Вет Авен: после тебе, Венијамине!
9. Ќе го запустее Ефрема до денот на казната; меѓу Израелевите племиња Јас известив за тоа.
10. Јудејските кнезови станаа како оние што ги преместуваат меѓите; врз нив ќе го излеам како вода Својот гнев.
11. Ефрем е угнетувач, тој ја гази правдата, зашто му се допадна да оди по ништожество.
12. А јас ќе му бидам на Ефрема како молец, како гнилеж на Јудината куќа.