8. Зашто Тој ги штити патиштата на правдата и го чува патот на Своите свети.
9. Тогаш ќе ги сфатиш: правдата, правосудството и верноста, а и секој добар пат.
10. Зашто мудроста ќе влезе во твоето срце и знаењето ќе ја зарадува твојата душа.
11. Расудувањето ќе те пази тебе и разумноста ќе те чува:
12. За да те избави од лош пат, од измамлив човек,
13. од оние што ги оставаат патеките на чесноста, па одат по мрачни патишта;
14. кои се веселат правејќи зло и ликуваат во изопаченоста на лошото;
15. чии патеки се криви, и кои се опаки на своите патишта.
16. За да те избави од прељубница и од туѓинка, што ласка со зборови,
17. која го остава пријателот на својата младост и го заборава заветот на својот Бог.