6. Како што и Авраам „му поверува на Бога и тоа му се засмета за праведност.”
7. И така, признајте, дека Авраамови синови се оние, кои се од верата.
8. А и Писмото предвиде, дека Бог преку верата ги оправдува народите, и однапред му го навести Евангелието на Авраама: „Во тебе ќе бидат благословени сите народи.”
9. И така, оние, кои веруваат се благословени заедно со верниот Авраам.
10. Имено, кои ги прават делата на Законот, под клетва се, зашто е пишано: „Проклет да е секој, кој не е постојан во сè што е напишано во Книгата на Законот, да го исполнува тоа.”
11. А дека никој не е оправдан пред Бога преку Законот, јасно е, зашто „праведникот ќе живее од верата.”
12. А Законот не е од верата, туку вели: „Кој ги исполнува, ќе живее преку нив.”
13. Христос нè откупи од проклетството на Законот, откако стана проклетство за нас, зашто е пишано: „Проклет да е секој, кој виси на дрво!” -
14. Та Авраамовиот благослов да дојде на народите во Христа Исуса, и да Го примиме преку верата ветувањето на Духот.
15. Браќа, зборувам по човечки: заветот што човек го потврдил, никој не го отфрла, ниту му додава нешто.