36. И сите се ободрија, па и самите јадеа.
37. А во бродот нè имаше вкупно двеста седумдесет и шест души.
38. Кога се наситија, го олеснија бродот, исфрлајќи ја пченицата во морето.
39. А кога се раздени, не ја препознаа земјата, но забележаа еден залив со достапен брег и одлучија таму да го натераат бродот, ако биде возможно.
40. Ги одврзаа котвите и ги спуштија во морето, ги разлабавија и јажињата на кормилата и го кренаа предното едро спроти ветерот, и пловеа кон брегот.
41. А кога удрија во гребен, кому му е морето од двете страни, го истераа бродот во плитко, така што предниот дел наседна и остана неподвижен, а задниот дел се кршеше од силата на брановите.
42. Војниците пак наумија да ги убијат затворениците, за да не исплива некој и да побегне.
43. Но стотникот, сакајќи да го спаси Павла, ја спречи нивната намера; и заповеда најнапред да скокнат оние, кои знаат да пливаат, и да излезат на земјата,
44. а другите - едни на даски, а други на какви и да било предмети од бродот. И така стана - сите се спасија на копното.