7. Зашто, тајната на беззаконието веќе дејствува, само да се отстрани од средината оној, кој сега ја задржува
8. и тогаш ќе се јави беззаконикот кого Господ ќе го убие со здивот на Својата уста и ќе го уништи со појавата на Своето доаѓање.
9. Тоа е оној, чие доаѓање е според сатанското дејствување, со секаква сила, и со чудесни знаци и со лажни чуда,
10. и со секаква неправедна измама, за оние кои загинуваат, зашто не ја примија љубовта кон вистината за да се спасат.
11. И затоа Бог ќе им испрати заблудна дејност за да и веруваат на лагата,
12. та да бидат осудени сите, кои не поверуваа на вистината, а имаа задоволство во неправдата.
13. А ние сме должни секогаш да Му благодариме на Бога за вас, браќа, од Господ возљубени, зашто Бог ве избра од почеток за спасение, преку осветувањето на Духот и вера во вистината,
14. на кое ве призва преку нашето Евангелие, за да ја добиете славата на нашиот Господ Исус Христос.
15. Тогаш, браќа, стојте цврсто и држете ги преданијата што ги научивте од нас, било преку слово или преку наше послание.
16. А Самиот Господ наш Исус Христос и Бог нашиот Татко, Кој нè возљуби нас и ни даде вечна утеха и добра надеж по благодатта
17. да ги утеши вашите срца и да ве утврди во секое добро дело и слово!