Нов Завет

Тит 2:2-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

2. Старсите да бидат трезвени, целомудрени, чисти, здрави во верата, во љу­бовта, во трпението;

3. старичките, исто така, да живеат како што им прилега на светии – да не клеветат, да не се предаваат на многу вино, да учат за добро,

4. за да ги вразумуваат невестите да ги сакаат мажите свои и децата свои;

5. да бидат целомудрени, чисти, добри домаќинки, благи, покорни на своите мажи, та да не се хули словото Божјо.

6. Исто така, советувај ги младежите да бидат чесни,

7. а во сѐ претстави се сам како обра­зец за добри дела, покажувајќи чистота во учењето, нерасипаност, чесност:

8. слово здраво, без укор, та да се посрами противникот, бидејќи не ќе има да рече ништо лошо за нас.

9. Советувај ги слугите да ги слушаат своите господари, да им угодуваат во сѐ, не противречејќи им;

10. да не крадат, туку во сѐ да по­ка­жу­ваат добра вера, та науката на нашиот Спасител, Бог, да ја украсуваат во сѐ.

11. Бидејќи се јави Божјата благодат, спасителна за сите луѓе.

12. Таа нѐ учи да ги отфрлиме не­чес­носта и похотите од овој свет, чесно, праведно и побожно да поживееме во овој век,

Прочитајте целосна глава Тит 2