Нов Завет

Римјаните 8:16-20 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

16. Самиот Дух му сведочи на нашиот дух дека ние сме чеда Божји.

17. А ако сме, пак, чеда, ние сме и нас­ледници: наследници на Бога и сонаследници Христови, но само ако со Него страдаме, та со Него и да се прос­лавиме.

18. Зашто мислам дека страдањата на сегашното време не се ништо спрема славата која треба да се открие кон нас.

19. И секое создание со нетрпение го очекува откривањето на синовите Бож­ји,

20. зашто и созданието не ѝ се покори на суетата доброволно, туку по волјата на Оној Кој го покори, а со надеж,

Прочитајте целосна глава Римјаните 8