Нов Завет

Римјаните 4:1-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. А што би можеле да кажеме дека добил нашиот татко по тело Авраам?

2. Зашто ако Авраам се оправдал со дела, тој заслужува пофалба, но не пред Бога.

3. Впрочем што вели Писмото? – „Му поверува Авраам на Бога, и тоа му се сметаше за праведност.“

4. На оној што работи, платата му следува не по милост, туку по долг.

5. Напротив, оному, кој не работи, а верува во Оној Кој го оправдува без­божникот, верата му се смета за праведност.

6. Така и Давид го нарекува блажен оној човек, кому Бог му смета за пра­ведност независно од делата, велејќи:

7. „Блажени се оние чии беззаконија се простени и чии гревови се покриени;

8. блажен е оној човек кому Бог нема да му смета за грев!“

9. А дали ова блаженство се однесува само за обрезаните или и за необрезани­те? Бидејќи велиме дека на Авраам ве­ра­та му се сметаше за праведност.

10. Кога му се сметаше? По обрезание­то или пред обрезанието? Не по обре­за­нието, туку пред обрезанието.

11. И знакот на обрезанието тој го доби како печат на праведност што доаѓа од верата, која ја имаше пред обрезанието, за да биде татко на сите необрезани што веруваат, та и ним тоа да им се смета за праведност,

12. и да им биде татко на обрезаните, но не на оние кои обрезанието само го примиле, туку кои врват и по стапките на верата од нашиот татко Авраам, пред обрезанието.

13. Впрочем ветувањето кон Авраам или кон семето негово – дека ќе биде наследник на светот – беше дадено не преку Законот, туку преку праведноста на верата.

14. Зашто ако можат да бидат наследници само оние што имаат Закон, то­гаш и верата нема никакво значење, и ветувањето е поништено;

Прочитајте целосна глава Римјаните 4