1. И така, немаш изговор, о човеку, кој и да си ти, зашто со каков суд судиш друг, со таков се осудуваш сам, бидејќи ти, кој судиш, го правиш истото.
2. А знаеме дека Божјиот суд, кој, паѓа врз оние кои вршат такви работи е според вистината.
3. Зар мислиш, о човеку, дека ќе го избегнеш Божјиот суд ти, кој ги осудуваш оние што прават такви работи, какви што правиш и сам?
4. Или, пак, го презираш богатството на Божјата благост, стрпливост и долготрпеливост, не разбирајќи дека Божјата благост те води кон покајување?
5. Но, поради твојата тврдокорност и непокајаното срце си собираш гнев за денот на гневот, кога ќе се открие праведниот суд од Бога,
6. Кој секому ќе му даде според неговите дела:
7. живот вечен на оние кои со трпение во добрите дела се стремат кон слава, чест и нераспадливост;
8. јарост, пак, и гнев на оние што ѝ се непокорни на вистината, а ѝ се покоруваат на неправдата.
9. Неволја и мака за секоја човечка душа која прави зло, пред сѐ за Јудеец, а исто така и за Елин;
10. слава и чест и мир на секој што прави добро, пред сѐ за Јудеец, а исто така и за Елин!