1. Ви ја препорачувам нашата сестра Фива, која е служителка на црквата во Кенхреја:
2. примете ја во Господ, како што им прилега на светии, и помогнете ѝ во она во што ќе има потреба од вас, бидејќи и таа им беше помошничка на мнозина, а и мене.
3. Поздравете ги Прискила и Акила, моите соработници во Христос Исус,
4. кои за мојата душа ја положија својата глава; ним им благодарам не само јас, туку и сите цркви од скорообратените незнабошци и нивната домашна црква.
5. Поздравете го мојот возљубен Епенет, кој е првиот плод во Христос во Ахаја.
6. Поздравете ја Маријам, која многу се грижеше за вас.