Нов Завет

Римјаните 15:7-18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

7. Затоа примајте се еден со друг, како што и Христос ве прими, заради славата Божја.

8. Но велам дека Исус Христос стана служител на обрезаните поради Бож­ја­та вистина, за да ги потврди ветувањата дадени на татковците,

9. а, пак, незнабошците да Го прос­ла­ват Бога за милосрдието, како што е на­пишано: „Затоа Те прославувам, Гос­по­ ди, меѓу незнабошците и ќе Го воспеам Твоето име.“

10. И понатаму се вели: „Развеселете се, незнабошци, со Неговиот народ!“

11. И понатаму: „Фалете Го Господа сите незнабошци, и прославете Го, сите народи!“

12. Исаија, исто така вели: „Ќе постои коренот Јесеев и Издигнатиот од него ќе владее над народите; на Него ќе се надеваат народите.“

13. А Бог на надежта нека ве исполни со сета радост и мир во верата, та преку силата на Светиот Дух вашата надеж да се преумножува.

14. И јас сум уверен за вас, браќа мои, дека и вие сте полни со добрина, исполнети со секакво знаење и дека можете да се поучувате еден со друг.

15. Но ви пишав, браќа, нешто малку послободно, за да ве потсетам со благодатта што Бог ми ја даде,

16. за да Му бидам служител на Исус Христос меѓу незнабошците и свеште­но­дејствено да го извршувам Божјото Евангелие, за да бидат незнабошците благопријатен принос, осветен од Све­тиот Дух.

17. И така, со тоа можам да се по­фа­лам во Исус Христос кај Бога,

18. зашто не се осмелувам да говорам за она што Христос не го извршил пре­ку Мене со зборови и дела,

Прочитајте целосна глава Римјаните 15