Нов Завет

Римјаните 13:3-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

3. Зашто, началниците не се страшни за добрите дела, туку за лошите; сакаш ли, пак, да не се плашиш од власта, то­гаш прави добри дела, па ќе добиеш и пофалба од неа;

4. зашто таа е служител Божји за твое добро. Ако, пак, правиш зло, тогаш страхувај, бидејќи таа не носи залудо оружје; таа е служител Божји и со гнев се одмаздува на оној што прави зло.

5. Затоа е нужно да се покорувате, и тоа не само поради страв, туку и поради совеста своја.

6. Затоа и данок плаќате, зашто тие се Божји службеници, и со тоа постојано се занимаваат.

7. И така, дајте секому што сте му должни: кому сте му должни данок – нека му се даде данок; кому царина – ца­рина; кому страхопочит – страхопочит; кому чест – чест.

8. И не должете никому ништо освен да се сакате еден со друг; зашто оној што го љуби ближниот, го исполнува Законот.

9. Бидејќи заповедите: „Не прави прељуба, не убивај, не кради, не сведочи лажно, не барај туѓо!“, и секоја друга заповед се содржат во овие зборови: „Љуби го ближниот како самиот себеси!“

10. Љубовта не му прави зло на ближ­ниот; и така, љубовта е исполнување на Законот.

11. И тоа правете го, знаејќи го ова време: веќе дојде часот да се разбудите од сонот, зашто спасението е сега поблиску до нас отколку кога поверувавме.

Прочитајте целосна глава Римјаните 13