Нов Завет

Римјаните 11:8-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

8. како што е напишано: „Бог им даде дух што не чувствува: очи да не гледаат и уши да не слушаат, сѐ до денешниов ден.“

9. И Давид вели: „Трпезата нивна да им биде стапица, клопка, соблазна и от­плата;

10. да им се замрачат очите нивни за да не гледаат, и грбот нивни да им се свитка засекогаш.“

11. Ви велам пак: зар се сопнаа за да паднат? Не! Но со нивниот престап дојде спасението за незнабошците, за да се возбуди во нив ревност.

12. Ако, пак, нивниот престап значи богатство за светот, и нивниот намален број – богатство за незнабошците, колку повеќе ќе значи нивната потполност.

13. Вам, незнабошци, ви велам; до колку сум јас апостол на незнабошците, ја прославувам својата служба,

14. та некако да возбудам ревност во својот род по тело, и некого од нив да спасам.

15. Зашто, ако нивното отфрлање зна­чи измирување за светот, тогаш што ли друго ќе значи нивното примање, ако не оживување од мртвите?

Прочитајте целосна глава Римјаните 11