Нов Завет

Откровение 9:11-21 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

11. И за цар над себе го имаа ангелот на бездната; името негово по еврејски е Авадон, а по грчки – Аполион.

12. Едното зло помина, еве идат уште две зла по него.

13. И шестиот ангел затруби, и чув еден глас од четирите рога на златниот жртвеник, што е пред Бога,

14. кој му зборуваше на шестиот ангел, кај кого беше трубата: „Ослободи ги че­тирите ангели, врзани кај големата река Еуфрат!“

15. И беа одврзани четирите ангели, кои беа приготвени за часот и денот, за месецот и годината, за да убијат една третина од луѓето.

16. Бројот на коњаниците беше двесте милиони – го чув нивниот број.

17. И така во видение ги видов коњите и оние кои јаваа на нив, што имаа оклопи огнени и синкасти и сулфурни. Главите на коњите личеа на глави од лавови, а од устата нивна излегуваше оган, дим и сулфур.

18. А од тие три зла – огнот, димот и сулфурот, што излегуваа од нивната уста, умре една третина од луѓето,

19. бидејќи нивната сила беше во нивната уста, а опашките нивни, што личеа на змии, имаа глави со кои пустошеа.

20. А другите луѓе, што не загинаа од тие зла, не се покајаа за делата на рацете свои, та да не се поклонуваат ни на ѓаволи ни на идоли златни и сребрени, бронзени, камени и дрвени, кои не мо­жат ниту да гледаат, ниту да слушаат, ниту, пак, да одат;

21. и не се покајаа ни за убиствата свои, ниту, пак, за вражбите свои, ниту за блудството свое, ниту за кражбите свои.

Прочитајте целосна глава Откровение 9