Нов Завет

Откровение 8:11-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

11. А името на таа ѕвезда е Пелин. И третиот дел од водите загорчи како пе­лин, и многу луѓе умреа од водите, би­дејќи беа загорчени.

12. Потоа затруби и четвртиот ангел, и беше удрена една третина од сонцето, една третина од месечината и една тре­тина од ѕвездите, за да потемнее една третина од нив, та третина од денот, ка­ко и на ноќта, да не свети.

13. И видов и чув еден орел како лета среде небото и вика со висок глас: „Тешко, тешко, тешко на оние што жи­веат по земјата од другите трубни гла­сови на трите ангели што ќе трубат!“

Прочитајте целосна глава Откровение 8