Нов Завет

Откровение 7:4-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

4. И го чув бројот на одбележаните со печат: сто четириесет и четири илјади беа одбележани од сите колена на си­но­вите Израилеви.

5. Од Јудиното колено со печат од­бе­ле­жа­ни – дванаесет илјади; од Рувимовото колено – дванаесет илјади; од Гадовото колено – дванаесет илјади;

6. од Асировото колено – дванаесет илјади; од Нефталимовото колено – дванаесет илјади; од Манасиевото коле­но – дванаесет илјади;

7. од Симеоновото колено – дванаесет илјади, од Левиевото колено – дванаесет илјади; од Исахаровото колено – дванаесет илјади;

8. од Завулоновото колено – дванаесет илјади; од Јосифовото колено – дванаесет илјади; од Венијаминовото колено – дванаесет илјади.

9. Потоа видов, и ете, големо мноштво народ, кое никој не можеше да го преброи, – од сите племиња и колена, народи и јазици; тие стоеја пред престолот и пред Јагнето, облечени во бели облеки и со палмови гранчиња во рацете.

10. И воскликнуваа со висок глас, велејќи: „За спасението наше слава на нашиот Бог, Кој седи на престолот, и на Јагнето!“

11. А сите ангели стоеја околу прес­то­лот, старешините и четирите животни, и паднаа ничкум пред престолот и Му се поклонија на Бога,

Прочитајте целосна глава Откровение 7