Нов Завет

Откровение 7:2-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

2. И видов друг ангел како се подигаше од исток кој имаше печат на живиот Бог. И тој извика со висок глас кон четирите ангели, на кои им беше дадено да ѝ пакостат на земјата и морето, велејќи:

3. „Не пакостете ѝ на земјата, ниту на морето, ниту, пак, на дрвјата, додека не им ставиме печат врз челата на слугите на нашиот Бог!“

4. И го чув бројот на одбележаните со печат: сто четириесет и четири илјади беа одбележани од сите колена на си­но­вите Израилеви.

5. Од Јудиното колено со печат од­бе­ле­жа­ни – дванаесет илјади; од Рувимовото колено – дванаесет илјади; од Гадовото колено – дванаесет илјади;

6. од Асировото колено – дванаесет илјади; од Нефталимовото колено – дванаесет илјади; од Манасиевото коле­но – дванаесет илјади;

7. од Симеоновото колено – дванаесет илјади, од Левиевото колено – дванаесет илјади; од Исахаровото колено – дванаесет илјади;

8. од Завулоновото колено – дванаесет илјади; од Јосифовото колено – дванаесет илјади; од Венијаминовото колено – дванаесет илјади.

Прочитајте целосна глава Откровение 7