Нов Завет

Откровение 7:12-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

12. велејќи: „Амин! Благослов и слава, мудрост и благодарност, чест и сила и моќ на нашиот Бог во сите векови. Амин!“

13. А еден од старешините прозборе и ме праша: „Оние, облечени во бели облеки, кои се и од каде дошле?“

14. А јас му одговорив: „Ти знаеш, гос­подине.“ А тој ми рече: „Тие се што дојдоа од големи маки; тие ги испраа об­ле­ките свои и ги избелија со крвта на Јагнето.

15. Затоа се пред престолот на Бога, Кому Му служат во Неговиот храм и дење и ноќе; и Оној, Кој седи на прес­то­лот, ќе се всели во нив;

16. и нема веќе да огладнат, ниту, пак, да ожеднат; нив нема да ги пече сонцето и никаква горештина;

Прочитајте целосна глава Откровение 7