Нов Завет

Откровение 6:1-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. И видов кога Јагнето скрши еден од седумте печати, и чув едно од чети­рите животни кое проговори како со глас на грмотевица: „Дојди и види!“

2. И видов, ете, бел коњ, и на него ја­вач со лак; и Му беше даден венец, и тој излезе како победник, за да победи.

3. А кога го извади вториот печат, го чув како проговори второто животно: „Дојди и гледај!“

4. И излезе друг коњ, црвен; и на јавачот му беше дадено да го одземе мирот од земјата, та еден со друг да се убиваат; и му беше даден голем меч.

5. А кога се отвори третиот печат, чув како проговри третото животно: „Дојди и види!“ И видов, ете вран коњ, а на него јавач со мерила во раката своја.

6. И чув глас сред четирите животни, кој зборуваше: „Шиник пченица за де­нариј, и три шиника јачмен за денариј; а растителното масло и виното ќе ги нема!“

Прочитајте целосна глава Откровение 6