Нов Завет

Откровение 4:1-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Потоа погледав, и ете, отворена врата на небото, и поранешниот глас, што го бев чул како од труба, кој зборуваше со мене, рече: „Искачи се ов­де и ќе ти покажам што треба да стане потоа!“

2. И веднаш бев обземен од духот. И ете, на небото стоеше престол, и на престолот седеше Некој.

3. Оној што седеше изгледаше како камен јаспис и сардис, а околу престолот виножито, кое прилегаше на смарагд.

4. Околу престолот, пак, имаше дваесет и четири престоли; и на престолите видов седнати дваесет и четири старешини, облечени во бели алишта, а на главите светкавици, громови и гласови; имаа златни венци.

5. И од престолот излегуваа молњи, громови и гласови, а пред престолот гореа седум огнени светила, кои се седумте Божји духови;

Прочитајте целосна глава Откровение 4