7. ‚Еве, доаѓам скоро; блажен е оној кој ги пази пророчките зборови на оваа книга!‘“
8. И јас, Јован, го видов и го чув ова; и кога го чув и видов, паднав за да се поклонам пред нозете на ангелот, кој ми го покажа ова.
9. Но тој ми рече: „Стој, немој, зашто и јас сум слуга како ти, и браќата твои – пророци и оние што ги држат зборовите на оваа книга. Поклони Му се на Бога!“
10. И ми рече: „Не запечатувај ги пророчките зборови на оваа книга, бидејќи времето е блиску!
11. Кој чини неправда, нека чини неправда уште; и кој е осквернет, нека се осквернува уште; и кој е праведен, нека чини правда уште; и кој е свет, нека се осветува уште.
12. И еве, ќе дојдам скоро, и платата Моја е со Мене, за да му дадам на секого според делата негови.
13. Јас сум Алфа и Омега, Првиот и Последниот, Почетокот и Крајот!
14. Блажени се оние што ги исполнуваат заповедите Негови, за да бидат достојни за дрвото на животот и да влезат во градот низ портите.
15. А надвор се кучињата, вражачите, блудниците, убијците, идолопоклониците и секој што сака да лаже и лаже.
16. Јас, Исус, го испратив Својот ангел да ви го посведочи ова по црквите. Јас сум корен и род Давидов, сјајната ѕвезда Деница.“
17. И Духот и невестата велат: „Дојди!“ И кој ќе чуе, нека каже: „Дојди!“ И кој е жеден, нека дојде, и кој сака, нека земе од водата на животот дарум.
18. И Јас му сведочам на секого кој ги слуша пророчките зборови на оваа книга. Ако некој нешто додаде кон нив, нему Бог ќе му наметне казни опишани во оваа книга.