Нов Завет

Откровение 22:4-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

4. и ќе го гледаат лицето Негово, а името Негово ќе им биде на челата нивни.

5. И ноќ нема да има таму, и не ќе има потреба од светило, ниту од сончева светлина, бидејќи Господ Бог ќе ги осветлува, и ќе царува во вечни векови.

6. И ми рече: „Овие зборови се верни и вистинити. Господ, Бог на светите пророци, го испрати ангелот Свој, за да им покаже на Своите слуги што ќе стане наскоро.

7. ‚Еве, доаѓам скоро; блажен е оној кој ги пази пророчките зборови на оваа книга!‘“

8. И јас, Јован, го видов и го чув ова; и кога го чув и видов, паднав за да се поклонам пред нозете на ангелот, кој ми го покажа ова.

9. Но тој ми рече: „Стој, немој, зашто и јас сум слуга како ти, и браќата твои – пророци и оние што ги држат збо­ро­ви­те на оваа книга. Поклони Му се на Бога!“

10. И ми рече: „Не запечатувај ги пророчките зборови на оваа книга, бидејќи времето е блиску!

11. Кој чини неправда, нека чини неправда уште; и кој е осквернет, нека се осквернува уште; и кој е праведен, нека чини правда уште; и кој е свет, нека се осветува уште.

12. И еве, ќе дојдам скоро, и платата Моја е со Мене, за да му дадам на секого според делата негови.

13. Јас сум Алфа и Омега, Првиот и Последниот, Почетокот и Крајот!

14. Блажени се оние што ги исполнува­ат заповедите Негови, за да бидат достојни за дрвото на животот и да влезат во градот низ портите.

15. А надвор се кучињата, вражачите, блудниците, убијците, идолопокло­ни­ците и секој што сака да лаже и лаже.

16. Јас, Исус, го испратив Својот ангел да ви го посведочи ова по црквите. Јас сум корен и род Давидов, сјајната ѕвезда Деница.“

Прочитајте целосна глава Откровение 22