9. И ми рече: „Напиши – блажени се поканетите на свадбената вечера кај Јагнето!“ А ми рече уште: „Ова се вистински Божји зборови!“
10. И паднав пред нозете негови да му се поклонам; но тој ми рече: „Стој, и јас сум слуга како и ти и браќата твои, што го имаат сведоштвото Исусово; поклони Му се на Бога, зашто сведоштвото Исусово е Духот на пророштвото!“
11. И го видов небото отворено, и ете, бел коњ и Оној Кој јаваше на него се вика Верен и Вистинит, и Тој праведно суди и војува;
12. очите Му беа како огнен пламен, а на главата имаше многу круни и напишано име кое освен Него, никој не го знаеше.
13. И беше облечен во облека натопена со крв, и со името – Слово Божјо.
14. А небесните војски, облечени во бел и чист висон, врвеа по Него на бели коњи.
15. Од устата Негова излегуваше остар меч за да ги казни со него идолопоклониците. Тој ќе ги пасе со железен жезол и ќе ја изгази кацата со вино на јароста и гневот на Бога Седржителот.
16. На облеката и на бедрото Негово беше напишано името: „Цар над царевите“ и „Господар над господарите.“
17. Потоа видов еден ангел како стои на сонцето; тој извика со висок глас и им рече на сите птици што летаа сред небото: „Долетајте и соберете се на големата Божја вечера,
18. да јадете тела на цареви, тела на војводи, тела на силни, тела на коњи и на нивните јавачи, и тела на сите – слободни и робови, мали и големи!“