Нов Завет

Откровение 19:8-20 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

8. И ѝ се даде да се облече во чист и светол висон.“ А висонот е праведноста на светиите.

9. И ми рече: „Напиши – блажени се поканетите на свадбената вечера кај Јагнето!“ А ми рече уште: „Ова се вистински Божји зборови!“

10. И паднав пред нозете негови да му се поклонам; но тој ми рече: „Стој, и јас сум слуга како и ти и браќата твои, што го имаат сведоштвото Исусово; покло­ни Му се на Бога, зашто сведоштвото Исусово е Духот на пророштвото!“

11. И го видов небото отворено, и ете, бел коњ и Оној Кој јаваше на него се ви­ка Верен и Вистинит, и Тој праведно суди и војува;

12. очите Му беа како огнен пламен, а на главата имаше многу круни и напишано име кое освен Него, никој не го знаеше.

13. И беше облечен во облека натопена со крв, и со името – Слово Божјо.

14. А небесните војски, облечени во бел и чист висон, врвеа по Него на бели коњи.

15. Од устата Негова излегуваше остар меч за да ги казни со него идолопокло­ниците. Тој ќе ги пасе со железен жезол и ќе ја изгази кацата со вино на јароста и гневот на Бога Седржителот.

16. На облеката и на бедрото Негово беше напишано името: „Цар над царевите“ и „Господар над господарите.“

17. Потоа видов еден ангел како стои на сонцето; тој извика со висок глас и им рече на сите птици што летаа сред небото: „Долетајте и соберете се на големата Божја вечера,

18. да јадете тела на цареви, тела на војводи, тела на силни, тела на коњи и на нивните јавачи, и тела на сите – слободни и робови, мали и големи!“

19. Тогаш го видов ѕверот и земните цареви и нивните војски собрани за да војуваат против Оној Кој седеше на коњ, и Неговата војска.

20. Ѕверот беше фатен, а заедно со него и лажниот пророк, кој правеше чуда пред него, та ги соблазни оние што беа примиле белег од ѕверот и ѝ се покло­ну­ваа на неговата биста: и обајцата живи беа фрлени во огненото езеро со за­па­лен сулфур;

Прочитајте целосна глава Откровение 19