14. И овошјата, за кои душата ти копнееше, повеќе ги немаш, и сето богатство и сјај исчезнаа за тебе, и нема веќе да ги најдеш.
15. Трговците, кои со тие стоки се збогатија од неа, ќе стојат оддалеку од страв пред маките нејзини, и плачејќи, и ридајќи
16. ќе зборуваат: ,Тешко, тешко тебе, граде голем, облечен во свила, порфир и скерлет, украсен со злато, драгоцени камења и бисери,
17. зашто во еден миг пропадна толку големо богатство!‘ И сите сопственици на кораби, и сите патници во корабите, и морнарите, и оние што тргуваат по море, застанаа оддалеку
18. и викаа, па гледајќи го димот од горењето негово, велеа: ,Кој беше како овој голем град?‘
19. И ги посипаа главите свои со пепел и со плачење викаа и велеа: ,Тешко, тешко тебе, граде голем со чии скапоцености се обогатија сите што имаа кораби по море; зашто за еден миг запусте!‘
20. Весели се поради тоа, небо, и вие светии и апостоли и пророци, зашто Бог ги заштити вашите права!
21. Тогаш еден силен ангел подигна еден камен, голем како воденички камен, па го фрли во морето и рече: ,Со такво бучење ќе биде сринат Вавилон, големиот град, и ќе го нема веќе!‘
22. И глас на харфисти, пејачи, свирачи и трубачи во тебе нема веќе да се чуе; никаков уметник од која и да е уметност нема веќе да се најде во тебе, шум од воденичен камен нема веќе да се чуе во тебе.