Нов Завет

Откровение 18:1-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. А по ова видов како слегува од небото друг ангел кој имаше го­лема власт: и земјата светна од не­го­ви­от болскот.

2. И извика силно, зборувајќи со висок глас: „Падна, падна великиот Вавилон, и стана ѓаволско живеалиште и засолниште на секаков нечист дух, врта­лиште на сите нечисти и гадни птици;

3. зашто со отровното вино на своето блудство ги напои сите народи. И царевите земни блудствуваа со неа, а тр­говците земни се збогатија од нејзината голема раскош!“

4. И чув друг глас од небото како вели: „Излезете од неа, луѓе Мои, за да не соучествувате во гревовите нејзини, и да не добиете од казните нејзини;

5. бидејќи гревовите нејзини стигнаа до небото, и Бог си спомна за неправдите нејзини.

6. Платете ѝ како што и таа ви плати вам и дајте ѝ двојно онолку за делата нејзини; со чашата, со која ве служеше, послужете ја двојно.

7. Колку што се прослави и живееше раскошно, толку мака и јад вратете ѝ. Зашто во срцето свое вели: ‚Седам како царица, вдовица не сум и мака нема да видам.‘

8. Затоа во еден ден ќе ја сполетаат казните; смрт, жалост и глад, и ќе биде изгорена во оган, зашто силен е Господ Кој ја суди.

Прочитајте целосна глава Откровение 18