Нов Завет

Откровение 17:4-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

4. А жената беше облечена во пурпур и скерлет и накитена со злато, со драгоцени камења и бисери. Во раката своја држеше златна чаша, полна со гнасотија и нечистотија од блудството нејзино.

5. А на челото ѝ беше напишано име­то: „Тајна, великиот Вавилон, мајка на блудниците и на земните гнасотии.“

6. И ја видов жената како се опива со крвта на светиите и со крвта на сведо­ци­те Исусови; и се зачудив многу ко­га ја видов.

7. И ми рече ангелот: „Што се чудиш? Јас ќе ти ја кажам тајната на оваа жена, и на ѕверот, што ја носи и има седум глави и десет рогови.

8. Ѕверот, што го виде ти, беше и го нема; тој ќе излезе од бездната и ќе за­гине; и земните жители, чии имиња не се запишани во книгата на животот од созданието на светот, ќе се почудат, ко­га ќе видат дека ѕверот беше и го нема, иако постои.

9. Овде е потребен ум што има муд­рост. Седумте глави, тоа се седумте го­ри врз кои седи жената;

10. а седумте цареви, од кои петмина паднаа, едниот постои, другиот уште не дошол; и кога ќе дојде, малку ќе остане.

11. И ѕверот што беше и кого што го нема, е осми; тој е еден од седумте и ќе загине.

12. А десетте рогови, што ги виде, се десет цареви, кои царства уште не при­мија, туку како цареви ќе добијат власт само за извесно време заедно со ѕверот.

13. Тие имаат една мисла, и силата и власта своја ќе му ја предадат на ѕверот.

14. Тие ќе војуваат против Јагнето, и Јагнето ќе ги победи, зашто Тој е Гос­подар над господарите и Цар над царе­ви­те, и оние, што ќе се со Него, се повикани и избрани и верни.“

Прочитајте целосна глава Откровение 17