Нов Завет

Откровение 13:8-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

8. И ќе му се поклонат сите земни жи­тели, чии имиња не се запишани во книгата на животот на Јагнето заклано, од создавањето на светот.

9. Кој има уво, нека чуе:

10. кој во прогонство води, во прогонство ќе биде одведен; кој со меч убива, од меч треба да биде убиен. Тука е трпението и верата на светиите.

11. И видов друг ѕвер како излегува од земјата. Тој имаше два рога како кај јагне и зборуваше како змевот.

12. Ја извршува сета власт на првиот ѕвер во негово присуство и ја присилува целата земја и жителите нејзини да му се поклонат на првиот ѕвер, чија смртна рана се беше исцелила;

13. и правеше големи чуда, па дури и оган симнуваше од небото на земјата пред луѓето.

14. И ги мамеше земните жители со чудата што му беа дадени да ги врши пред ѕверот, велејќи им на земните жи­тели да му направат биста на ѕверот, кој имаше рана од меч и остана жив.

Прочитајте целосна глава Откровение 13