Нов Завет

Откровение 13:11-18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

11. И видов друг ѕвер како излегува од земјата. Тој имаше два рога како кај јагне и зборуваше како змевот.

12. Ја извршува сета власт на првиот ѕвер во негово присуство и ја присилува целата земја и жителите нејзини да му се поклонат на првиот ѕвер, чија смртна рана се беше исцелила;

13. и правеше големи чуда, па дури и оган симнуваше од небото на земјата пред луѓето.

14. И ги мамеше земните жители со чудата што му беа дадени да ги врши пред ѕверот, велејќи им на земните жи­тели да му направат биста на ѕверот, кој имаше рана од меч и остана жив.

15. И му се даде да вложи дух во бистата на ѕверот, та да прозборува тој и да направи да бидат убиени оние кои нема да се поклонат пред бистата на ѕверот.

16. И ќе направи на сите – мали и големи, богати и сиромаси, слободни и робови – да им се стави белег на десната рака или на челата нивни,

17. та никој да не може ни да купува, ниту да продава, освен оние што го има­ат тој белег, или името на ѕверот, или бројот на името негово.

18. Тука е мудроста. Кој има ум, нека го пресмета бројот на ѕверот, бидејќи е број на човек, и бројот му е шестотини шеесет и шест.

Прочитајте целосна глава Откровение 13