Нов Завет

Откровение 11:8-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

8. А труповите нивни ќе ги остави по улиците на големиот град, кој духовно се нарекува Содом и Египет, каде што и нивниот Господ беше распнат.

9. И многу од народите и племињата и јазиците ќе ги гледаат нивните трупови три и пол дена и нема да дозволат нив­ните трупови да бидат погребани во гробови.

10. И жителите на земјата ќе се зарадуваат и развеселат поради нив, и ќе си праќаат подароци еден на друг, бидејќи тие два пророка ги мачеа оние што жи­веат на земјата.

11. Но по три и пол дена во нив ќе влезе животен дух од Бога, и тие ќе се исправат на нозете свои, и голем страв ќе ги обземе оние што ќе ги гледаат.

12. Тогаш тие ќе чујат висок глас од небото како им вели: „Искачете се ваму!“ И тие ќе се искачат на небото во облаци, и непријателите нивни ќе ги ви­дат.

13. Во тој час ќе настане голем земјотрес и една десетина од градот ќе се сруши; а од земјотресот ќе загинат седум илјади човечки имиња: другите, пак, ќе се исплашат и ќе Му оддадат слава на небесниот Бог.

14. Второто зло мина. Ете, брзо иде третото зло.

15. Затруби и седмиот ангел, и по небото одекнаа силни гласови, кои викаа: „Царството на светот стана цар­ство на нашиот Господ и на Неговиот Христос, и Тој ќе царува во сите ве­кови!“

16. И дваесет и четирите старешини, кои седеа пред Бога на престолите свои, паднаа ничкум и Му се поклонија на Бога,

Прочитајте целосна глава Откровение 11